Разбиена група што продавала лажни ковид тестови

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во текот на денов (26.12.2020) изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација.

По документирање на случајот,до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа, соопштија од МВР.

Слични содржини