Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го повика претседателот во заминување Доналд Трамп денес да го потпише законот за помош на загрозените во пандемијата, проценувајќи дека секое понатамошно одложување ќе има „катастрофални последици“.
„Еден ден по Божиќ, милиони семејства не знаат дали ќе можат да врзат крај со крај заради одбивањето на претседателот Трамп да го потпише законот за економска помош одобрен на Конгресот со големо мнозинство“, рече Бајден во изјавата.
Според Си-Ен-Ен, ова одрекување може да има катастрофални последици.
„Имаме големи надежи за вакцините, но потребни ни се средства за да ги дистрибуираме и да ги дадеме на милиони Американци, вклучително и здравствени работници на првата линија. Овој закон е од клучно значење и мора да стапи на сила веднаш“, заклучи Бајден.
Иако Конгресот усвои пакет помош од 900 милијарди долари за погодените за време на пандемијата, милиони Американци може да ги загубат своите приходи веднаш по празниците, доколку Трамп не го потпише законот.