Во четири италијански региони, Венето, Абруцо, Кампања и Апулија, биле пронајдени луѓе кои биле позитивни на новиот британски вид коронавирус.
Бројот на случаи варира, со максимум осум случаи откриени во северниот дел на Венето.
Во Кампања, од 115 патници кои слетаа на аеродромот „Каподичино“ од Лондон и веднаш беа тестирани таму, шестмина беа заразени со овој нов вид на вирус.
Во сите случаи, лицата позитивни на британскиот вид Ковид-19 неодамна пристигнаа во Италија од Англија или имаа контакти со лица кои живеат во Велика Британија.