212
Во изминатово деноноќие починаа 18 лица во болниците ширум државава како последица на коронавирусот.
Од нив, двајца пациенти од Скопје (59 и 54г), тројца од Штип (49, 82 и 68г), еден пациент од Прилеп (81г), еден од Тетово (64г), еден од Струга (65г), еден од Велес (65г), еден од Битола (61г), еден од Охрид (84г), еден од Кавадарци (75г), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52г), еден од Струмица (57г), еден од Крива Паланка (75г) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68г).
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупно од почетокот на кризата починаа вкупно 2.445 лица.