Доктор Нино Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку својот Фејсбук профил предложи кои природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства да се земаат.
„Последниве денови кутија со Amp.Clexane или Tabl. Xarelto станаа вистинско богатство и реткост. Стравот од згрутчувањето на крвта, како најопасна компликација од ковид-19 ги испразнија рафтовите во аптеките, но и болниците. Да биде проблемот уште поголем слична е ситуацијата и во сите соседни држави.
Затоа, ако нема со што да се лечи, мора на некој начин оваа појава да се спречи.
Еве неколку природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства и чиј зголемен внес во Вашата секојдневна исхрана, може да даде позитивен антикоагулантен ефект:
☆ Куркума
☆ Ѓумбир
☆ Цимет
☆ Витамин Е
☆ 150 мл црвено вино
☆ Лук
☆ Гинко билоба
☆ Внес на 2 литри вода, правилно распределена во текот на денот.
☆ Цитрусни овошја
☆ Непечени семки од сончоглед
☆ Туна
Истовренено максимално избегнувајте ги следниве прехрамбени производи, кои имаат прокоагулантно дејство:
• Јајца
• Мајонез
• Пржено јагнешко и свинско месо
• Сувомеснати производи
Сите мажи над 40 и жени над 45-50 години, ако немаат контраиндикации, или некое хематолошко заболување, би било препорачливо покрај правилната исхрана до крајот на пандемијата секојдневно да конзумираат 67,5-100 mg. ацетилсалицилна киселина“, напиша д-р Беќаровски.