Земјотресот во Хрватска предизвика штети: Се урнаа оџаци, паднаа фасади (ВИДЕО)

од Берта Китинска
246 прегледи

Утрово дв силни земјотреси ја погодија Хрватска. Првиот се случил во 06:28 часот, а вториот 07:49 часот. Двата биле со епицентар на 50-тина километри југоисточно од Загреб.

– Паднати плочки и цигли на улиците. Имаме информации дека некои куќи пукнале и оџаците се срушиле. Поставени се пожарникари и комунална компанија за итно санирање на состојбата и помагање на оние кои можеби се повредени – изјави за ХРТ градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.

Тој додаде дека бил повикан од претседателот Зоран Милановиќ, кој разговарал и со премиерот Андреј Пленковиќ. Денес најверојатно заедно ќе ја посетат Петриња, рече градоначалникот.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека, по силниот земјотрес утрово, подрачјето на Петриња за многу краток временски период беше погодено од два релативно силни земјотреси. Првиот последователен земјотрес се случил во 7.49 часот, а јачината била 4.7. Само две минути подоцна е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала.

Сеизмолог Кук: Прв земјотрес 5,0 според Рихтер

– Утрово во 6.28 часот забележавме силен земјотрес. Според претходните пресметки на големината 5,0 според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на околу 50 километри северо-источно од Глина, односно подрачјето на Покупско. Во областа веќе имаше земјотрес во 1880 година. Засега нема извештаи за штети. Ние сè уште ги обработуваме податоците – изјави за ХРТ4, Крешимир Кук од хрватскиот сеизмолошки институт.

Со оглед на силата на земјотресот, можни се последователни земјотреси, не треба да се исклучуваат, додаде тој.

– Земјотресите секогаш „носат“ уште помали удари. Тешко е да се процени дали ќе има или не. – рече Крешимир Кук за Утринската хроника на Хрватското радио.

Тој предупреди дека треба да се внимава на зградите кои претрпеа штети во Загреб во земјотресот во март, бидејќи тие се многу поопасни и можна е штета на многу послаб земјотрес.

Кук додаде дека граѓаните реагираат разумно и добро.

 

Слични содржини