Абазовиќ бара екстрадиција на Светозар Маровиќ од Србија

од Берта Китинска
156 прегледи

Дритан Абазовиќ, вицепремиер на Црна Гора  објави дека денеска испратиле ново барање за екстрадиција на Светозар Маровиќ. Како што нагласи, нивната намера е да создадат подобри односи со Србија.

– Сметаме дека ова е оправдано барање за екстрадиција на човек кој е персонификација на криминал. Ние сакаме да одлучиме за ова прашање, во надеж дека ќе најдеме заеднички јазик со Србија и ќе го изведеме Маровиќ пред лицето на правдата. Неоправдано е што г. Маровиќ шета слободно во друга земја и тој призна дека е на чело на криминална група. Неговиот син, иако сега нема да навлегувам во детали, работи и во деловна активност, коментира Абазовиќ.

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, рече дека Владата денеска испратила барање за екстрадиција на Светозар Маровиќ.

– Едно барање е веќе испратено, по тоа барање од претходната влада, имаше две ургенции, сега тоа барање го имаме по втор пат – рече Лепосавиќ.

Тој изјави дека новина во однос на претходните барања е гаранција за лекување.

– Државата Црна Гора гарантира дека на Светозар Маровиќ ќе му се обезбеди соодветен третман во Црна Гора – рече Лепосавиќ.

Како што беше речено на конференцијата, ова барање нема за цел нарушување на односите меѓу Србија и Црна Гора.

– Особено не е целта да се загрозуваат односите – рече Лепосавиќ и додаде дека треба да работиме заедно на прашањето за екстрадиција на Маровиќ.