Пејачот Шпат Касапи е разрешен од позицијата советник во кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби, пренесоа повеќе медиуми.
Самиот Груби ја потврди информацијата и истакнал разрешувањето на советникот била првата работа што вицепремиерот ја направил утринава.
„Кај мене нема место за такво поведение од било кој“, изјавил Груби.
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби е разрешен поради поседување дрога, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности.
Одредени медиуми објавија дека Касапи, кој е познат пејач, пред еден месец, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Тој ги негираше сите обвинувања, велејќи дека се работи за клевета.