Велика Британија сруши РЕКОРД: 41.385 новозаразени со Ковид-19

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Велика Британија денес објави рекордни 41.385 нови случаи на коронавирус.

Новиот вид на вирус што се шири брзо ја зголемува стапката на заразени, а празничниот викенд влијаеше на пријавување на многу нови случаи, пренесува Ројтерс.

Според статистичките податоци на владината веб-страница, биле регистрирани уште 357 смртни случаи.