Епидемијата се стабилизира, ако се почитуваат мерките нема да дојде до експлозија на нови случаи  

од Берта Китинска
282 прегледи

Во последната статистика на министерството за здравство беше забележан пад на бројот на новозаболени како и на починати лица од компликации со ковид.

Беа регистрирани 83 нови случаи, а 11 лица починаа. Според аналитичарите и здравствените работници во моментот сме на едно плато, каде епидемијата се смирува, но пред нас се новогодишните и божикните празници, за кои постојано се апелира да се почитуваат мерките за да не дојде до експлозија на нови случаи  .

ЕУ ќе ги плати вакцините против Ковид-19 за ризичните категории во Северна Македонија

ЕУ ќе ги плати вакцините против Ковид-19 за ризичните категории во Северна Македонија и другите држави од Западен Балкан. Станува збор за пакет од 70 милиони евра којшто го одобри Европската комисија за да им помогне во финансирањето на набавките на вакцините против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан.

Владата на Северна Македонија го поздрави денешното усвојување на пакетот од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за финансирање на пристапот на земјите од Западниот Балкан со вакцини против КОВИД-19, набавени од земји членки на ЕУ од страна на Европската комисија.

– ЕУ е нашиот најважен и најблизок пријател во сите фази на пандемијата. Ја поздравуваме одлуката да се обезбедат 70 милиони евра за да се покрие трошокот за вакцини за приоритетните групи, како и опрема потребна за да се изврши вакцинацијата. Имајќи предвид дека вакцинирањето во земјите членки започна викендов, ќе следат засилени напори и координирање што треба да овозможат итен пристап до вакцини за Западниот Балкан како клучен исчекор кон завршување на пандемијата, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698.

Слични содржини