Колку луѓе треба да се вакцинираат за да се добие имунитет на корона?

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Околу 60 до 70 проценти од светската популација треба да се вакцинираат за да се запре ширењето на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација.

Таквата проценка се заснова на неколку студии, рече Кетрин О’Брајан, шефот на одделот за вакцинација на СЗО, на прес-конференција во Женева.

Таа истакна дека потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна кога ќе се знае повеќе за вакцините што се тестирани досега, објави „Њујорк тајмс“.

„Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации“, рече претставникот на СЗО.