Нов вид на ковид од ноември присутен во Германија

од Берта Китинска
271 прегледи

Високозаразниот тип на ковид 19 е присутен во Германија од ноември, откриле лекарите, кои потоа собрале податоци од примероци на постара пациентка која починала, објави Ројтерс, повикувајќи се на Die Welt.

Специјалисти на Медицинското училиште во Хановер (МХХ), наводно, пронашле вирус Б1.1.7 кај примероци на пациент кој имал здравствени проблеми пред короната, пишува Ројтерс.

Берлинската болница го потврди ова откритие, се додава во извештајот.

Новиот вид на коронавирус, кој најмногу ја погоди Велика Британија, е многу позаразен, но како што покажуваат прелиминарните анализи, симптомите на Б1.1.7 не се поопасни.

Во германската провинција Баден-Виртемберг тие потврдија дека локалните власти откриле нов вид коронавирус кај лице кое со авион дошло од Велика Британија во Франкфурт на 20 декември.

Слични содржини