Нешто после 12 и 15 часот, нов насилен земјотрес го потресе подрачјето на градот Загреб.
Според информациите објавени од ЕМСЦ, нов земјотрес со јачина од 6,3 ја погоди Хрватска. Епицентарот бил на 47 километри југоисточно од Загреб, или на 3 километри од Петриња.
Сеизмолозите проценуваат дека моќта во епицентарот била од VII – IX Меркалиеви степени.
Локалните медиуми пишуваат дека потресот се случил дваесетина минути после 12 часот, а траел околу 6-7 секунди.
Потресот е почувствуван и во Љубљана, Белград и Сараево.