Влада: 100.000€ помош за Хрватска

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за финанска подршка од 100.000€ за Хрватска, соопшти денеска Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.

Денешниот земјотрес го погоди хрватскиот централен регион и имаше сила од 6,р степени според Рихтер.

Оштетени се бројни згради во Петриња, Сисак и други места.

Градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ во изјава за ХТВ соопшти дека загинало едно девојче, а има повеќе повредени лица.

Потресот бил силно почувствуван и во Загреб, каде некои згради се повторно оштетени. Бројни висококатници се евакуирани.

Земјотресот е почувствуван и во соседните земји, посебно во Босна и Херцеговина и Словенија.