ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицаец од Охајо застрелал Aфроамериканец

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Полицаецот од Охајо Адам Кој доби отказ откако го уби Aфроамериканецот Андреа Хил (47), а истрагата за убиството е во тек.

Камерата на костумот на полицаецот го сними моментот кога Адам Кој, полицаец од Колумбос, го застрела Хил кој во раката држел мобилен телефон, а потоа не сакал да му пружи помош неколку минути, пренесува АП.

Кој беше отпуштен само неколку часа по сослушувањето, рече директорот за јавна безбедност на Колумбос, Нед Петус.

Покрај отказот, Кој е под истрага и за убиство.

Слични содржини