Филипче: Во јануари може да го започнеме процесот на вакцинација

од Nikola Popovski
186 прегледи

„Најавата од Ковакс-системот е дека вакцините ќе стигнат во првите 3 месеци од 2021 година. Ние работиме на повеќе полиња, прво и преку помошта што доаѓа преку земјите членки на ЕУ и во директни разговори со повеќе производители на вакцини. Тоа ме тера да мислам дека во јануари или февруари, ние може да го започнеме процесот на вакцинацијата“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за ТВ 24.

Тој потврди дека договорот со Ковакс е важечки и обврзувачки, но и да не е, тоа не ја менува динамиката за испорака на вакцините. Се правда дека не одговориле на понудата на Русија во септември, за вакцините на Спутник бидејќи, како што вели, тогаш се уште биле во третата фаза на испитување.

„Ковакс системот се уште не кажува кога ќе ги добиеме вакцините и колкава количина ќе пратат. Се чека и од директното преговарање со производителите Фајзер и Астра Зенека да кажат кога и колку дози ќе пратат“, истакна Филипче.

Слични содржини