Досега повеќе од 1.000 луѓе примиле вакцина против коронавирусот во Србија и не е забележана никаква неочекувана реакција на примерок од 700 од нив, изјави денеска епидемиологот и член на кризниот штаб д-р Предраг Кон.
„Досега се вакцинирани над 1.000“, рече Кон на прес-конференција, додавајќи дека е убеден дека Србија ќе биде во солидна позиција кога ќе се процени статистиката за смртност.
Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 14.987 граѓани за вирусот, а позитивни биле 3.136.
Од последниот пресек, нови 46 пациенти починале.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, има 283 пациенти на респиратори во болниците низ Србија.