Европската унија купува дополнителни 100 милиони дози од вакцината „Фајзер“

од Берта Китинска
150 прегледи

Претседателката на Европската комисијаУрсула фон дер Лајен , вчера објави дека Европската унија ќе набави дополнителни 100 милиони дози од вакцината Фајзер, што ќе обезбеди вкупно 300 милиони дози.

„Одлучивме да земеме дополнителни 100 милиони дози Фајзер, вакцина што веќе се користи во Европската унија. Ќе имаме вкупно 300 милиони дози од таа вакцина, која е оценета како безбедна и ефикасна. “, напиша Урсула фон дер Лајен на Твитер.

Европската комисија во ноември потпиша договор со БиоНТек за набавка на 200 милиони дози на вакцина, со можност за обезбедување дополнителни 100 милиони дози.

Договорената цена е 15,5 евра по доза, податоците се објавени во ЕУ.

 

Вакцината Фајзер за прв пат беше одобрена во САД, а првата земја во светот што започна со масовна вакцинација со вакцината во Велика Британија.

Во ЕУ, процесот на имунизација против коронавирусот започна на 27 декември.

Слични содржини