121.235 пациенти со коронавирус се хоспитализирани во САД, што е рекорд од почетокот на пандемијата.
САД имаат повеќе од 100.000 пациенти со коронавирус на болничко лекување веќе 27-ми ден по ред, пренесува Си-Ен-Ен.
Америка е прва во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус и по бројот на смртни случаи од таа инфекција.