Во 6,16 часот, нов земјотрес ја стресе Хрватска и според првите податоци на ЕМСЦ, тој имал јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 18 километри западно од Сисак, пишува порталот Индекс.
Според ЕМСЦ, ова бил 38. земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 49 часа.
Во 6.26 часот беше почувствуван уште еден земјотрес Според ЕМСЦ, тој имал сила од 4,6 степени, а епицентарот бил регистриран северозападно од Сисак, односно 46 километри југоисточно од Загреб.
Податоците од хрватската сеизмолошка служба се нешто поразлични проценки од ЕМСЦ.
Земјотресот во 6,15 часот беше 4,7 часот, оној подоцнежниот 4,8 степени со епицентар во областа Петриња, рече Инес Иванчиќ, раководител на сеизмолошката служба за Хрватското радио.
Таа потврди дека тлото ќе продолжи да се тресе.
„Земјата ќе се тресе долго време, земјотресот во вторникот беше силен и со голема сигурност ќе следат големи серии земјотреси, меѓу кои, сигурно, ќе има и посилни“, рече Иванчиќ.
Таа потврди дека уште послаби земјотреси, како утрово, ќе имаат влијание врз објектите во Петриња и Сисак, кои беа оштетени во вторникот.
Земјотресите се регистрираат скоро секоја минута, рече Иванчиќ, наведувајќи дека имало најмалку 25 до 30 земјотреси посилни од 3.
По вчерашниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер во Петриња се почувствуваа неколку послаби. За жал, седум лица беа загинаа. Материјалната штета е огромна, во Петриња скоро и да нема зграда што да не е оштетена.