256
Утринава пристигна информација за донација за Поликлиниката во Шуто Оризари од Германија, па на овој настан, каде истата опрема се примопредаваше, присуствуваше и министерот Венко Филипче од каде порача:
„Утрово, присуствував на примопредавање на донација – заштитна опрема од Германија за Поликлиниката Шуто Оризари. Со оваа поддршка го зголемуваме пристапот и квалитетот на здравствена заштита на граѓаните во овој регион. Благодарност до германската амбасадорка Анке Холштајн за помошта која ни ја дава особено во ковид кризата. Нашата соработка продолжува и понатаму“.