Фондот за иновации успеа оваа година на криза предизвикана од ковид-пандемијата да ја претвори во година на иновации. Поддржани се 266 домашни компании кои во кризата видоа шанса и решија да ја искористат за да вложат во свој развој. Дури 84 од нив се стартап компании, претежно основани од млади луѓе. Само на овие проекти се веќе ангажирани над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари што е околу 30% над просекот.
Овие бројки покажуваат дека Фондот успеа и во вакви услови да ги мотивира младите своите идеи да ги претворат во успешни бизниси, со бенефит не само за нив туку и за целата македонска економија.
Стефан, Елизабета и Ѓорѓи се дамо дел од корисниците на ФИТР кои веќе работата на реализација на нивните иновативни идеи. Заедно со домашните компании Фондот успеа да покрене 20 милиони евра заеднички инвестиции со компаниите.
Фондот годинава исто така поддржа и 39 училишта од целата држава и над 300 ученици и ментори кои пандемијата не ги спречи да продолжат мотивирано да работат на своите научно истражувачки проекти.
Во 2021 година ФИТР влегува со амбициозна агенда во која со нови програми и инструменти креирани по мерка на домашните компании ќе понуди повеќе можности за поддршка на домашните компании, а особено за стартапите и младите. Под мотото #СоздавамеИднина ФИТР стартува кампања со која ќе ги поттикне домашните компании активно да се вклучат во креирање на нови успешни бизнис приказни.