51-годишна жена на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик.
Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол марка „застава“ со калибар 9мм PARA M88, една рамка со пет куршуми за тој пиштол, и една празна рамка. Со оружјето била затекната од полициски службеници на бензинска пумпа. Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата за која постојат околности кои укажуваат на опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.