Би можело да има нов мини пик на заразата, доколку не се почитуваат мерки, вели Филипче

од Nikola Popovski
267 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека мерките за заштита од коронавирусот дале резултат, но предупредува дека евентуален нов, мини пик на заразата би можело да има ако не се почитуваат препораките.

„Многу од предвидувањата во врска со вирусот не се остварија, некои пак се остварија посебно во делот дека ќе има есенски пик. Со последните мерки и препораки имаме сериозен ефект во намалувањето на бројот. Болниците се полупразни. Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Нема да го смениме системот на реорганизација на јавно здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин“, кажа министерот по предавањето на донацијата од Германската амбасада во Поликлината во Шуто Оризари.

Министерот уверува дека здравствениот систем е подготвен да пресретне и следен бран. Засега нема да се менува системот на реорганизација на јавно здравствените институции.

Слични содржини