Се зголемува бројот на угостителски објекти под клуч поради непочитување на ковид–мерките

од Nikola Popovski
329 прегледи

МВР соопшти дека вчера во 18:35 часот извршила контрола во угостителски објект во село Облешево, а околу полноќ и во угостителски објект во Кочани и на двете места констатирано е непочитување на мерките за заштита од Ковид-19.

„Биле затекнати неколку лица и сопственикот и било констатирано непочитување на мерките на Владата за справување со пандемијата со Ковид-19, односно не било почитувано работното време“, информираат од полицијата.

Од МВР велат дека по комплетирање на случаите, против одговорните лица во двата угостителски објекта ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Слични содржини