За време на седницата за пратенички прашања, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, побара од вицепремиерот Артан Груби побара поголем ангажман на власта во економската зона во Визбегово каде, според Меџити, повеќето компании се албански.
Тој побара од министрите на ДУИ да престанат да го фотографираат местото каде треба да се гради автопатот Скопје-Блаце, и да се изгради што е можно побрзо.
Сепак, Груби не одговори на овие прашања, но го информираше заменик претседателот на Собранието дека ќе одговори писмено, и ја напушти собраниската сала.
Пред околу месец дена, се ширеа гласини за интерпелацијата на Меџити против сопартијците Груби и Османи. Самиот Меџити, запрашан за тоа, ниту го потврди ниту го демантираше ова, додавајќи дека нема да се изјасни за тоа пред владата да наполни 100 дена.