Фатен и приведен е македонскиот државјанин кој застрела две жени во Тирана

од Nikola Popovski
227 прегледи

Уапсен е македонскиот државјанин кој претпладнево застрела две жени во Тирана, соопштија од албанската полиција.

„Како резултат на интензивните акитвности и опколувањето на пошрокото подрачје, полициските служненици го уапсија македонскиот државјанин Перпарим Адеми (59) осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка“, објави тамошната полиција.

Двојното убиство, според полицијата, се случило во домот во кој живееле во населбата „Астир“ во Тирана. Адеми смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани.

Според директорот на полицијата во Тирана, Ребени Јаупи, осомничениот испукал повеќе куршуми од автоматско оружје, кое го оставил на самото место на настанот и се дал во бегство.

„Перпарим Адеми го сменил презимето кое до тогаш го имал, односно Тела. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите. Првичниот мотив е дека до немилиот настан дошло поради кавга со една од сестрите околу продолжувањето на вобрачната заедница“, рече Јаупи.

Слични содржини