Одобрена вакцината „Спутник V“ во Србија

од Nikola Popovski
135 прегледи

Српската агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) денес издала дозвола за увоз за 2.400 дози на руската вакцина „Спутник V“, изјавил Павле Делиќ од АЛИМС.

Делиќ соопштил дека вакцината против коронавирусот „Спутник V“ ги исполнува сите услови пропишани со закон и правни акти, со кои се потврдува неговиот квалитет, ефикасност и безбедност.

„Исполнети се условите да се користи во имунизација на граѓаните“, изјавил Делиќ за Танјуг.

Тој напоменал дека вакцината ги поминала сите потребни контроли што биле извршени во согласност со законот и дека вакцината „ги исполнува високите стандарди“.

Руската вакцина „Спутник V“ пристигна во Србија и беа испорачани 2.400 дози до Институтот за вирусологија „Торлак“.

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Шерлек, објави дека „Спутник V“ ќе се користи веднаш по Новата година.

Слични содржини