Министерот за здравство Венко Филипче утрово информираше дека изминатата недела имале интензивни телефонски разговори со компанијатаизрази уверување дека следува период на успешна имунизација во земјава.
– Од компанијата не замолија се уште да не се објавуваат дозите, иако точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари, колку во март и колку во април. Изминатата недела имавме во континуитет телефонски разговори, разменуваме маил со компанијата „Фајзер“ и мислам дека тоа е една политика која успеаја да ја имплементираат заради зголемување на дел од нивното производство, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој рече дека сме на прагот на имунизацијата и дека од СЗО нашата држава била оценета како една од најподготвените во Европа.
– Верувам дека со вакцината ќе се стави крај на пандемијата насекаде во светот – рече Филипче.