НОВ ЗЕМЈОТРЕС: Земјата во Хрватска не се смирува, Сисак повторно се тресеше

од Берта Китинска
124 прегледи

Нов земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска денес.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар најпрво објави дека јачината на земјотресот е 4,0 степени според Рихтеровата скала, но потоа објави дека земјотресот бил 3,6 степени.

– Се почувствува силен земјотрес. Повторно се тресеше сè. Тоа траеше кратко, но силно – пренесува репортерот на Вечерњи лист.

Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри, а епицентарот бил на четири километри југозападно од Сисак.

Регистрирани  се 174 земјотреси во Хрватска за 73 часа.

Слични содржини