262
Уште еден тежок ден за Англија, која на првиот ден од Новата година забележа нови 420 смртни случаи од коронавирус, вклучително и осумгодишно дете.
Вкупниот број на смртни случаи во болниците во Англија сега е 50.688.
Според британските медиуми, од 420-те смртни случаи, само 12 пациенти немале претходни здравствени проблеми или хронични болести. Најмалата жртва имала само осум години, а најстарата имала 100 години.
Податоците од Ирска и Велс ќе бидат објавени дури утре.