450
Од денеска граѓаните наместо 18 проценти ДДВ за храната што ќе ја купат во угостителските објекти ќе плаќаат 10, но за кетеринг услугите ДДВ-то од 5 се зголемува на 10 проценти.
Угостителите велат дека ваквата мерка требало одамна да биде донесена бидејќи ја практикуваат речиси сите развиени економии, затоа што нема директни импликации врз буџетот, а ќе помогне за подобрување на ликвидноста и работењето на угостителите.
Според угостителите, ДДВ-то за алкохолните пијалоци останува 18 отсто.