Американскиот претседател Доналд Трамп најави голем протест во Вашингтон под мотото „Стоп за изборната кражба“.
Трамп на својот профил на Твитер објави дека на 6 јануари ќе се одржи голем протест во Вашингтон, денот кога американскиот Конгрес треба да ги потврди резултатите од претседателските избори.
The BIG Protest Rally in Washington, D.C., will take place at 11.00 A.M. on January 6th. Locational details to follow. StopTheSteal!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 1, 2021
Трамп се обидува да го оспори изборот на Џо Бајден за претседател на САД, тврдејќи дека имало бројни изборни нерегуларности на претседателските избори во Америка.
И Домот на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом треба да ги дискутираат резултатите од Изборниот колеџ на заедничката седница на 6 јануари, кој одлучи дека Бајден е победник на изборите.
Според организацијата на протестот што ќе се одржи на 6 јануари, „Демократите се обидуваат да ги поништат гласовите на републиканците, а на американскиот народ е да го запре“, и поради тоа „заедно со претседателот Трамп, тие ќе сторат се што е потребно за да се зачува интегритетот на изборите во полза на нацијата “.
Во Вашингтон веќе се одржаа неколку митинзи за поддршка на Доналд Трамп, а на некои од нив имаше сериозни инциденти на приврзаниците и противниците на веќе пораншениот американски претседател.