Иако панемијата на коронавирус влијаеше на падот на обемот на деловните активности во многу сектори во регионот, нивото на просечните плати во 2020 година во сите земји е зголемено, според анализата на агенцијата Анадолија, пренесува Ал Џезира Балканс.
Просечната плата најмногу се зголемила во Словенија, за 59,35 евра (показатели октомври 2020 година – октомври 2019 година), потоа во Србија за 44,19, Северна Македонија за 36,31, Хрватска за 18,41, Босна и Херцеговина за 14,26, а најмалку осум евра во Црна Гора.
Дури и пред зголемувањето, просечната плата беше највисока во Словенија, потоа во Хрватска, а потоа и во Црна Гора.
Србија ја надмина Босна и Херцеговина со просечна плата годинава, а Северна Македонија, иако забележа едно од најзначајните зголемувања кога станува збор за просечната плата оваа година, сепак е најниска во регионот.
Така, сега просечната плата во Словенија е 1.181,35 евра (податоци за октомври 2020 година), Хрватска 890,41, Црна Гора 525 (податоци за ноември 2020 година), Србија 512,19, Босна и Херцеговина 490,76 и Северна Македонија 454,31 евра.