Арсен Венгер не би ја одбил понудата да се врати на клупата на Арсенал со желба да ја спаси сезоната на неговиот сакан клуб.
„Топџиите“ со тренерот Микел Артета го забележаа најлошиот старт во историјата на Премиер лигата со само 20 поени во 16 одиграни кола.
Арсенал се наоѓа на 13. место на табелата, а неодамнешните победи против Челси и Брајтон само малку го олеснија незадоволството на навивачите.
На крајот на краиштата, Венгер исто така одлучи да зборува за можно враќање:
„Ако сум им потребен, јас сум подготвен да помогнам. Но, јас навистина не го очекувам тоа. Не очекувам ништо, времето е многу добар доктор“, изјавил Венгер во подкастот „Men In Blazers“.
Да потсетиме, Венгер го напушти клубот во мај 2018 година, откако беше менаџер на клубот 22 години.
Голем дел од навивачите на крајот се свртеа против Французинот, кој беше принуден да ја напушти таа позиција порано отколку што очекуваше.
Од тогаш, Венгер не беше тренер (откри дека имал неколку понуди и двапати го одбил Фулам), но имал улога во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) како шеф на телото за глобален развој на фудбалот.