Девојчето кое беше прогласено за најубава личност на годината, моментално служи задолжителна воена служба во израелските воздухопловни сили.
„TC Chandler“ и независните критичари го избираат најубавото лице секоја година. Создавањето на оваа листа започна во 1990 година и често содржи некои помалку познати имиња. 19-годишната Јаел Шелбија ја освои титулата најубава личност за 2020 година.
„Никогаш не сум била прв во нешто … Многу е убаво чувството“, изјавила Jaел и им се заблагодарила на сите што гласаа за неа.
Таа во моментов е во војска, но инаку работи како модел и актерка, а ја следат скоро милион луѓе на социјалните мрежи.
Ова не е првпат да се најде на листата на најубава личност – пред две години беше на третото место, минатата година на второ, а сега горда е на првото место.
Според израелските медиуми, Шелбија е во врска со Брендон Корф (35), син на милионер. Брендон бил депортиран од Израел затоа што ги прекршил правилата за карантин кога тајно ја посетил, пренесуваат светските медиуми.