ТРАМП ГИ ПОВИКА АМЕРИКАНЦИТЕ НА УЛИЦА: Најави учество на демонстрациите! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе присуствува на протестите во Вашингтон, на 6 јануари, што се совпаѓа со ратификувањето на гласовите на Изборниот колеџ во Конгресот, поради објавувањето на победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Трамп сподели видео на Твитер во кое ги охрабрува своите приврзаници да протестираат против резултатите од изборите во ноември и рече дека ќе биде таму. Заедничката седница на Конгресот за пребројување на гласовите е рутина и е последниот чекор за потврда на победата на Бајден.

Демонстрантите планираат да се соберат кај споменикот на Џорџ Вашингтон, Плоштадот на слободата и зградата на Капитол. „Гордите момчиња“, десничарска екстремистичка група која промовира насилство, вети дека ќе се појави во режим под целосна воена опрема, според мрежата „CNBC“.

Главниот град на Соединетите Американски држави стана сцена на насилни протести во изминатите неколку месеци. Илјадници приврзаници на Трамп се собраа во ноември во знак на протест против резултатите од претседателските избори во главниот град.

Демонстрантите се судрија и за време на митинзите во Вашингтон во декември за изборните резултати, расизмот и ограничувањата наметнати поради епидемијата. Најмалку 4 лица беа прободени со нож во главниот град по про-Трамп митингот.

Трамп продолжува да одбива да се откаже од неговиот претседателски статус и продолжува да дава неосновани обвинувања за измама со гласови, кои постојано ги отфрлаат државните и федералните судови, како и Министерството за правда.