Зад себе има 2 неуспешни брака, 9 деца: Втората жена откри страшни детали за актерот!

од Берта Китинска
407 прегледи

По 26 години брак и успешна кариера, актерот го живееше својот сон, а потоа ја запозна НЕА- таа му го уништи животот.

Американскиот актер Мел Гибсон одамна го има добиено прекарот „миленик кај жените “, а веќе неколку децении ги забавува сите со своите одлични филмски улоги. По повод неговиот 65-ти роденден, се сетивме на некои детали од неговата богата кариера.

Од хармоничен брак до низа скандали

Заедно со својата богата кариера, тој водеше и интересен приватен живот, кој беше исклучително мирен до пред само неколку години. Неговата прва сопруга Робин Денис Мур ја запознал кон крајот на 70-тите години кога тој сè уште бил релативно непознат актер. Во јуни 1980 година, тие застанаа пред олтарот во Австралија и заедно имаа една ќерка и шест сина. По 26 години брак, Мел и Робин се разведоа во 2006 година.

Неколку години подоцна, Гибсон во едно интервју истакна дека проблемите во нивниот брак започнале на денот кога тој бил уапсен за возење во пијана состојба во Малибу. Робин поднесе барање за развод во 2009 година, а две години подоцна нивниот развод беше финализиран. Бидејќи двојката не склучи предбрачен договор пред бракот, Робин доби половина од се што заработија заедно.По разводот, Гибсон започна врска со руската пијанистка Оксана Григориева. Двојката ја доби ќерката Луција во 2009 година, а се разведоа една година подоцна. Таа го пријави во полиција за наводно малтретирање, па на славниот актер не му било дозволено да и пријде, ниту до нивната ќерка. Според полицискиот извештај, пијанистката го обвинила актерот за семејно насилство. Обвинувањата на Гибсон беа отфрлени и тој се бранеше со години дека ништо од горенаведеното не е точно.

“Никогаш не сум третирал никого насилно. Јасно ми е дека многумина сега мислат така и јас го почитувам тоа, но сè што ќе прочитате во медиумите е чисто ѓубре. Сите факти мора да бидат ставени во контекст, и се што сакав беше излез од токсичната врска “, рече Гибсон во едно интервју години по обвинувањата. По долги години борби на суд, Гибсон конечно доби потврда дека може да ја види својата ќерка, а Оксана мораше да плати 750.000 долари.

Од 2014 година, славниот актер е во врска со Розалинд Рос, која пред три години го роди нивното прво и деветто дете на Гибсон. Тие се запознаа кога таа започна да работи за неговата продуцентска куќа Икон и наскоро се вљубија.

Слични содржини