Царовска: Овој образовен концепт е меѓународен и не е нешто што во светот не се случува

од Nikola Popovski
255 прегледи

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес соопшти дека голем дел од академската јавност и наставници стојат зад новата нацрт концепција за основно образование и дека во овој процес не е сама.

-Дебатата продолжува, во моментот кога ќе ги согледаме сите коментари, кога ќе ги сумираме информациите кои сме ги добиле од страна, а притоа што е прифатено а што не, ќе ја известиме јавноста и ќе продложи имплементацијата на концепцијата, рече таа.

Според неа, сите имаат можност да го видат и да го прочитаат документот и дека ниту еден наставник нема да остане без работа.

-Овој концепт е меѓународен и не е нешто што во светот не се случува и ние како држава за прв пат го воведуваме. Влегуваме етапно и постепено за да гарантираме квалитет и за секоја наредна учиме од претходната година и за да можеме да ги вклучиме сите засегнати страни коишто имаат одредено мислење. Овој концепт на учење го подготвуваат педагози, психолози и наставници од настава, за да може врз основа на него да се изградат наставни програми во коишто ќе учествуваат сите релевантни страни. Во наставните програми за општествени науки ќе учествуваат историчари, социолози, географичари, за оние по природни науки, математичари, хемичари, биолози, физичари – рече Царовска.

Премиерот Зоран Заев вели дека еден дел од сугестиите е да се оди пополека и да не се избрзува.

-Да се тргне од прво одделение, па следната година од шесто одделение за да видиме како ќе влијае новиот концепт на образование зашто е поедноставно да се почне од прво одделение, бидејќи имаат само учителка и професор по англиски јазик или по физичко, а од шесто одделение имаат по 12 до 13 наставници и професори. Можеби треба да дадеме подолго време за шесто одделение за да се издискутира до крај и да тргнеме од 2022 година, но ова не го кажувам како експерт, туку за да знаат сите дека јас, министерката за образование и целиот нејзин тим, експертската и работната група се подготвени да слушнат што е најдобро и да го прифатат тоа за да стартуваме онака како што е најдобро за учениците, изјави Заев.

Слични содржини