До крајот на неделава пристигнува „Ивермектин“, евтин и ефикасен лек против Ковид-19

од Nikola Popovski
411 прегледи

Лекот Ивермектин, кој е евтин лек и влева надеж во лекувањето на болните од Ковид 19, неделава пристигнува во Македонија. Агенцијата за лекови МАЛМЕД дала зелено светло на веледрогериите да може да го донесат во земјава.

„Се очекува да пристигне или крајот на оваа недела или на почетокот на другата недела, односно после Божик кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Сите административни процедури се завршени и сега прашањето е техничко кога ќе можат компаниите физички да го донесат, имајќи предвид дека има локдаун во неколку држави заради празниците“, велат од Министерството за здравство. Засега не се знае колкави количини од лекот првично ќе бидат набавени.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Љирим Шабани изјави дека дале одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот.

„Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Најверојатно ќе стигне или крајот на оваа недела или на почетокот на другата недела, односно после Божик кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците. Како и да е за скоро ќе биде. Верувам дека за недела дена или за десет дена ќе го донесат“, рече Шабани.

Според микробиолог Никола Пановски, лекот кој досега во земјава се користел во ветеринарната служба, најдобро е да стигне со упатство за лекување на ковид.

„Некој граѓани го употребуваа и во таа форма, но повеќето го нарачуваат и носеа во Грција во пакувања кое е наменето за паразитски болести. Очекувам формата која ќе се донесе кај нас да биде со упатство за лекување на ковид и да биде најмалку со по 6 таблети по 10 милиграма за да може со едно пакување да се направи терапија за човек со поголема телесна тежина. Тој единствен лек кој дава позитивни резултати во сите форми од болеста. Треба да видиме како тој ќе се издава кај нас дали ќе оди преку матичен лекар“, изјави Пановски за ТВ 24.

Слични содржини