Европската агенција за лекови денес не излезе со препорака за употреба на вакцината против ковид на компанијата Модерна на територијата на ЕУ.
„Комитетот за хумани лекови денес не ги заврши разговорите за вакцината против ковид 19 на Модерна. Разговорите ќе продолжат на 6 јануари“, соопшти ЕМА.
Доколку биде одобрена во среда, вакцината на Модерна ќе стане втора вакцина против ковид 19 што ќе се појави на пазарот на ЕУ.