„Ако сега има избори во Македонија, СДСМ води пред ВМРО ДПМНЕ со разлика од 4,3 отсто“, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервјуто на Сител Телевизија и додаде дека изразено во пратеници СДСМ ќе има 49 пратеници, а ВМРО ДПМНЕ 40 пратеници.
Тој соопшти дека стартувавме со „Акција 21“ и ќе се европеизираме, натаму надевајќи се дека час поскоро ќе го решиме прашањето со Бугарија.
„Меѓутоа, ветуваме и редовни избори. Доста е со тие предвремени избори, постојано секоја година да имаме предвремени избори. И претходната влада во голем дел функционираше со 62, а после со 67 пратеници кога се направи пошироката коалиција. Парламентарното мнозинство некогаш во историјата на македонскиот Парламент била и 80 и 75 и 72, па повторно проблемите биле видливи. Сега тие се видливи зашто имаме позитивни пратеници на ковид, имаме во самоизолација. Тоа не е причина да се оди на избори. Што ако одиме на избори? Повторно истите бројки ќе се повторат?“, рече Заев.