Грција го доби првиот геј министер во владата

од Берта Китинска
254 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот изврши реконструкција на Владата, во која повеќето министри останаа на чело на нивните оддели, но оваа влада влезе во историјата со назначување на првиот деклариран хомосексуалец за заменик министер.

Никола Јатроманолакис (44) е новиот заменик министер за култура. Тој е познат на грчката јавност како врвен интелектуалец кој не ја трпи предрасудата дека вратата на високата политика ќе остане затворена за него како прогласен хомосексуалец.

Дипломиран Харвард, политички научник чии родители се академици и универзитетски професори, Јатроманолакис започна јавна дебата на социјалните мрежи и медиумите кога се појави оркестрирано сомневање дали „поради неговата сексуална ориентација, тој може да се занимава со висока политика“.

Потоа, во неколку авторски текстови, Јатроманолакис објави дека нема да се откаже по првиот одбиен проект.

Слични содржини