Приведен вевчанецот кој јавно испрати смртни закани до Заев и Пендаровски (ВИДЕО)

од Берта Китинска
347 прегледи

Од полицијата информираат  дека четириесет и петгодишен жител на Вевчани кој преку видео објавено на социјалните јавно испрати смртни закани до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски е приведен.

Вевчанецот на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

„При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.