Роденденската прослава коај беше организирана во новата зграда на Министерството за политички систем предизвика бурао од рекации.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими кој самиот беше дел од роденденската прослава без маски на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Министерството за политички систем одби да ја коментира прославата.
Вели дека изјава веќе дал вицепремиерот Груби.
-Веќе имаше изјава од првиот вицепремиер Артан Груби и нема што повеќе да одбивам или да одземам од тоа што го има изјавено, рече Бесими во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
За разлика од него првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби во изјава за повеќе медиуми рече дека при вчерашното одбележување на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во просториите на Министерството за политички систем ги почитувале протоколите за заштита од ковид-19.
– Настанот беше планиран да се организира на првиот работен ден во новата година и секако според протоколите. Сликата објавена од Османи беше само еден момент за заедничка фотографија при мало изненадување што колега го приреди за г.Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство во Скопје. Протоколите првенственоп ги почитуваме за нашето лично здравје, за нашите семејства, како и за граѓаните – вели Груби.
„Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Сликата што ја објави Османи беше само еден момент – за заедничка фотографија, при мало изненадување што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство. Протоколите првенствено ги почитуваме за нашето лично здравје и за нашите семејства, како и за граѓаните“,изјави Груби.