328
Претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Милорад Додик, на прес-конференцијата рече дека се чувствува добро, но дека ова му се најтешките 25 дена.
Тој изрази голема благодарност до медицинските работници кои се грижеа за него, како и до другите пациенти кои се бореа против вирусот корона на Универзитетскиот медицински центар на Република Српска.
“Благодарност до лекарите. Исто така, сакам да му се заблагодарам на тимот доктори од Србија.Им порачувам на граѓаните да бидат внимателни, бидејќи вирусот не е воопшто наивен. Никој не знае како вирусот корона ќе реагира на организмот. Овие беа тешки денови за мене и за моето семејство. Ме чека рехабилитација”, истакна Додик.