Град Скопје: Воздржете се од палење на бадникарски огнови

од Nikola Popovski
291 прегледи

Град Скопје денеска излезе со апел до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници, со цел, како што велат, да се избегнат групирања на лица поради пандемијата со коронавирусот, но и за да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

„ Ги потсетуваме граѓаните за Одлуката на Владата на Република  Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор. Во изминативе четири години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено и ја спроведува кампањата за пријавување на оган на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните.  Потсетуваме граѓаните дека сите огнови на отворено можат да ги пријават на телефонскиот број 193“, стои во објавата од Градот.

Во овој период од денот веќе почнуваа припремите за бадниковите дружби. Сепак поради протоколите традиционалното собирање околу бадниковиот оган ќе изостане годинава.

Стравот од коронавирусот, граѓаните велат ќе ги задржи дома, со надеж дека вековната традиција ќе се обнови во годините кои доаѓаат.

Слични содржини