ХОРОР: Крвав сакаше да се врати во игра – погледнете ја реакцијата на Мурињо (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Во полуфиналето од Лига купот, Тотенхем го совлада Брентфорд со 2:0 (1:0). Сепак, наместо стрелците (Сисоко и Сон), овој натпревар го одбележа Пјер-Емил Хојбјерг во 85-тата минута, кога практично веќе беше решен победникот.

Дефанзивецот на Тотенхем сакаше да се врати на теренот со крвави нозе, со јасни контури на противничките копачки. Сепак, тој не можеше преку тренерот Жозе Мурињо.

Португалецот застана помеѓу Хојбјерг и аут линијата и не го пушти во игра повторно, туку го прегрна и благо го турна кон клупата.

Судијата Мајкл Дин му покажа црвен картон на играчот на Брентфорд, Џош Дасилва за старт над Хојберг по прегледот на ВАР.

Слични содржини