На мрежата за споделувања кратки видеа „ТикТок“ повторно се појави видео во кое се гледа како „гордо“ се користи огнено оружје во Македонија.
Извесен Зекри Рустеми снимал видеа во повеќе наврати како пука – и со калашников и со пиштол.
Зекри Рустеми пука ли пука…
Среќен е се гледа нели?!
Е ај да го направиме познат!🚨🆘️🚨🆘️🚨🆘️🚨🆘️ pic.twitter.com/PlPRtLIVhe— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 6, 2021
Во изминатиов период се појавија неколку видеа во кои се гледа како се користи огнено оружје во државава. Во некои случаи МВР интервенираше, но во некои сторителите остануваат неказнети.