Повеќе од 1,86 милиони луѓе починаа од инфекција со вирусот ковид-19 од крајот на декември 2019 година, а над 86 милиони се заразени, покажуваат податоците објавени од „Франс прес“ до средата напладне. Сите патишта кон кинескиот град Шиџијажуанг беа блокирани во средата по откритието дека градот станал ново жариште на вирусот.
Од почетокот на пандемијата, која започна во кинеската провинција Вухан, во светот официјално се потврдени 86,39 милиони новозаразени со коронавирус.
Земјата најпогодена од пандемијата е САД со 357.377 смртни случаи, потоа Бразил со 197.732 смртни случаи, Индија со 150.114, потоа Мексико со 128.822 смртни случаи и Италија со 76.329 животи загубени од Ковид-19.